December 3, 2020 14:49
Македонија

Димитров: Нашата суштинска цел е да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да ги донесеме дома

Нашата суштинска цел е да го искористиме пристапниот процес за европскиот начин на живот, просперитет, правила и принципи, да си ги донесеме дома. Во март добивме безусловно зелено светло да ги започнеме преговорите. Важно е оваа година да ја заокружиме со заеднички историски успех – прва меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Ова го нагласи во воведното обраќање заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров на денешната онлајн промоција на проектот „Промовирање заеднички вредности низ Европа” во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија, на која учествуваа амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, германската амбасадорка Анке Холштајн.