Македонија

Димитров: Македонската приказна е надеж за европскиот проект на Балканот, нашиот (не)успех ќе биде (не)успех и за ЕУ

На покана на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска учествуваше на регионалната конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ”, како говорник на панелот „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021?”.

Вицепремиерот Димитров се осврна на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија, вклучително и вложениот политички капитал на основа на европското ветување.

– Ниту една европска земја одделно не е доволно силна за справување со современите предизвици, единствениот начин е европскиот проект за обединување на континентот што без овој регион – Западниот Балкан, секогаш ќе биде нецелосен и недовршен. Северна Македонија е приказна на надеж за овој проект, така што нашиот (не)успех е (не)успех и за ЕУ, ако ЕУ е сила што влече за добро. Одговоривме на многу стриктни услови, време е да добиеме праведна валидација, ако ЕУ е заедница на вредности, рече Димитров.

Во тој контекст, дополни дека европскиот проект се темели на градење заеднички европски идентитет заснован на вредности како главна придобивка од процесот.

– Градењето на идентитетот е важно бидејќи лесно може да биде злоупотребено преку националистички наративи кои се всушност против националните интереси, како што беше во случајот со спорот за името што го имавме со Грција. Европа во 21от век треба да подразбира натпревар на идеи и достигнувања коишто ќе го подобрат нашиот живот и ќе обезбедат подобра почетна позиција за идните генерации – области како владеење на правото, дигитализација, зелена економија. Не е пристојно да се предизвикува соседот за прашања кои се многу внатрешни и интимни, како што е јазикот, и не е корисно да ја жртвуваме нашата иднина за минатото и историјата, рече Димитров.

На панелот, како што соопштија од СЕП, се обратиле и европски политичари и млади либерали, меѓу кои европратеникот Илхан Ќучук, австрискиот пратеник Хелмут Брандштетер и француската пратеничка Лилиана Танги (преку видео конференциска врска) и испратиле порака дека европскиот проект мора да испорача успех преку македонското европско досие.

На маргините на конференцијата, вицепремиерот Димитров остварил средби со европратеникот Ќучук, на која биле разговарани актуелните прашања во врска со македонско-бугарските односи, како и со словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек, во контекст на продлабочување на економската соработка.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

My Hero Academia Season 5 Episode 25

4Anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 11

anime to watch 4Anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

4Anime One Piece

anime website Attack on Titan Season 2