October 26, 2021 00:08
Македонија

Димитров: Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство, за напредок не може да стане збор ако има уцени

Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања денеска на прес-конференцијата коментираше за односите меѓу Бугарија и Македонија.

Тој кажа дека најголемиот проблем се уцените од страна на бугарската страна, и дека Бугарија го прекришла членот 2 од Договорот за добрососедство.

„Голем проблем за напредок во разговорите е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, вели Димитров и дополни:

„Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот, според кој Софија ќе ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира и да ни одмага. Ние доживеавме две вета и доживеавме проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, проблематизирање на нашиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија искрениот дијалог тежок. Тоа е главниот проблем“, изјави Димитров.

Watch anime online for free at ANIMEFLIX one punch man animeflix

TwistMoe: My Family anime episode 21-a online free at https://twistmoe.net anime websites

AnimeBee: Moekan The Animation anime episode 3 online free at https://animebee.to dubbed anime

AnimeHeaven: Voices of a Distant Star anime episode Full online free at https://animeheaven.pro animeheaveneu

Yemle: https://yemle.com/profile/animefreakws

Independent academia: https://independent.academia.edu/gogoanimebe