December 6, 2022 00:41
Македонија

Димитров: Ако се прифати францускиот предлог, Македонија ќе биде во уште поголемо статус кво

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров во „Студио 10“ зборуваше за францускиот предлог и кажа дека овој предлог нуди поголемо статус кво од моменталното.

„Проблемот е ова што ни се нуди е уште поголемо статус кво од ова што сега го имаме, со една крупна разлика. Блокадите на Бугарија нема да прават нервоза кај третите земји членки и проблемот нема да биде и на ЕУ туку ќе биде само нас, топката ќе биде само во нашиот двор“, вели Димитров.

„Ако ние го прифатиме овој предлог таков каков што е не почнуваме преговори, таа политичка меѓувладина, првата веднаш што би се случила, што требаше денес да се случи не ги отвара преговорите бидејќи во предлог заклучоците на Франција цели, втората меѓувладина што ќе се случи по автоматизам дури и тоа не и се допаѓа на Бугарија, штом го смениме Уставот тогаш ќе ги почнеме, ама ние немаме дво третинско мнозинство за Уставот и со право“, рече Димитров.