December 10, 2022 00:38
Македонија

Димитриеска Кочоска: Во Македонска Каменица градоначалникот реализира проекти кои се во завршна фаза од 600 илјади евра, со домаќинско работење се случуваат промени

Наспроти хроничното неработење на градоначалниците на СДСМ и ДУИ,
градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тешките услови во кои што работат, и покрај потешкотиите со кои се соочуваат, покрај енергетската криза и понатаму продолжуваат со реализација на своите проекти.
 
Од таа причина денеска сум во Македонска Каменица во посета на општина која што е  еден убав и позитивен пример дека и во вакви услови може да се реализираат проекти.
 
Оваа општина во изминатиот период откако градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ ја предводи има реализација на проекти во завршна фаза некаде над 600 илјади евра, притоа спортско рекреативен центар ќе добијат луѓето од Македонска Каменица, имаме осветлување на Кејот во овој период реализирано, осветлување на влезот и излезот од македонска Каменица.
 
Значи нашите градоначалници и понатаму покажуваат дека промени се случуваат, дека станува збор за различен пристап на однесувањето, реализирање на проекти и покрај кризата со едно домаќинско работење и покажуваат на еден начин дека може навистина на еден убав начин и со домаќинско работење правилно да се насочат и да се трошат парите на граѓаните.