October 23, 2021 01:22
Македонија

Димитриевски: Со усвојувањето на Резолуцијата ја сочувуваме нашата етногенеза

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски го поздрави и поддржа усвојувањето на Резолуцијата за утврдување на државните позиции во контекст на блокадите на европските интеграции на државата од страна на соседна Бугарија, која вчера со консензус ја усвои Собранието на РСМ.

“Конечно Македонците смогнаа сила да се обединат, но воедно бевме разбрани и од другите етнички заедници и подржани во настојувањата за сочувување на нашата етногенеза. Благодарен сум и среќен поради ваквата одлука на Парламентот”, истакна Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека ова е неговиот став за кој тој јавно говореше уште минатата година, иако тогаш покрај поддршката од граѓаните, наиде и на критики од поединци од редовите на неговата матична партија СДСМ кои се оградија од неговите јавно изнесени ставови.

“На 28.11.2020г. го искажав мојот став по оваа прашање, иако генерално наидов на поддршка кај граѓаните имаше и критики од поединци и интересни групи кои ме осудуваа за таквите мои ставови изнесени во јавноста а воедно и се оградуваа.
Денеска сум уште повеќе уверен дека без разлика на политиката и како таа се практикува, сите сме обединети во процесот нашата држава да напредува и да се интегрира на еден достоинствен начин негувајќи ги етничките чувства на сите, но и во рамки на проектот ОТВОРЕН БАЛКАН да се здружиме сите и да направиме многу повеќе заедно и обединети за себе самите бидејќи ние сме Македонци но воедно сите во очите на светот а и дома сме Балканци”, вели Димитриевски.

Magic Knight Rayearth II (Dub) (https://animeflix.nl/m/0Dwk) Episode 29

Website https://animekisa.in: Watch Kirara animekisa Episode Full dubbed anime

Noobow: Na Kokoro (https://4anime.biz/m/mnR2) Episode 26 - 52

Website https://wcostream.cc: Watch Tentai Senshi Sunred 2nd Season wcostream Episode 26 wcostream

Hdvietnam: http://www.hdvietnam.com/members/animefreakws.2039623/

Superspringsinternational: https://www.superspringsinternational.com/users/animefreak-ws/