Македонија

Димитриевски: Обидите за дефокус на СДСМ Куманово нема да помине, срамно е да користите загубен човечки живот за собирање на политички поени

Жално и трагично е да се користи загубен човечки живот за собирање на дневно политички поени! Политичката култура е симната на непрепознатливо ниво на пишување реакции кога тоа е најмалку потребно.

Не се точни обвинувањата од страна на СДСМ Куманово дека наводно градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски е одговорен и требал да сноси одговорност за несреќниот случај со сообраќајната несреќа која се случи пред неколку денови на улица Тоде Думба и Драган Стопаревиќ, а во која млад човек го загуби својот живот.

Општина Куманово континуирано работи на подобрување на безбедноста во сообраќајот преку асфалтирањe и реконструкциja на улици, патишта, тротоари, поставување на средства за успорување во сообраќајот, нови сообраќајни решенија, хоризонтална и вертикална сигнализација, како и тампонирање и пробивање на патишта.

На дел од улицата Тоде Думба се изградени тротоари кои постојано се узурпираат од страна на непрописно паркирани возила. На критичната точка Општината во најкус можен рок ќе ја санира настанатата штета со реконструкција на постоечката ограда која претходно во повеќе наврати е предмет на уништување.

Апелираме до СДСМ Куманово да не злоупотребува, дефокусира и манипулира со овој несреќен случај. Тоа што целата јавност бара е одговорност за автобуската несреќа којашто се случи во Бугарија, а во која 46 лица го загубија својот живот.  Срамни се обидите за дефокусирање од вистинските одговорности!

Очекуваме МВР да излезе со официјални информации која е причината за сообраќајната несреќа која што се случи во Куманово на улица Тоде Думба на 13.01.2022 година, а Општина Куманово ќе ги преземе сите со закон предвидени дејствија со цел уништениот јавен имот да го реконструира и повторно да го стави во целосна функција, како и дополнително да направи сообраќајна анализа на местото на настанот со цел да ја зголеми безбедноста на оваа локација во градот.

Во континуитет во рамки на своите можности Општината инвестира  во сообраќајната, патната и друга инфраструктура во градот, а така е предвидено и со програмата за работа во 2022 година.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

How NOT to Summon a Demon Lord Ω

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 (Dub)

AnimeHeaven Tokyo Revengers Episode 24 - Uncen

AnimeHeaven Kiss x Sis (TV)