April 8, 2020 22:14
Македонија

Димитриевски бара Владата да го стави Куманово во карантин

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бара Владата да прогласи карантин на територијата на целата општина, откако денеска добиле информација за нови случаи на заразени со коронавирусот.

-Општината опстојува на своето барање Куманово да се прогласи за карантинска зона, со контролиран влез и излез од градот и дополнително вршење дезинфекција на сите тие пунктови. Дадовме задолжение за дезинфекција на сите оние места каде што живеат жители со позитивни тестови на коронавирусот. Истовремено, апелирам на смиреност. Ова е борба во која учествуваме сите и сите треба да дадеме свој придонес. Тоа ќе го направиме со останување дома, да го сведеме движењето на минимум, вели Димитриевски.

Во Куманово вкупно 11 лица се заразени со коронавирусот. Меѓу нив и двајца доктори и една медицинска сестра од кумановската болница, кои претходно имале контакт со пациентката која почина од ковид-19.