February 2, 2023 22:39
Хроника

Дилер на амфетамини уапсен во Волково

Денеска (24.01.2023), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ -Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Л.М.(21) од населба Волково – Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и вага.

Тој бил задржан во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.