December 1, 2021 13:45
Скопје

ДИК потврди: Орце Ѓорѓиевски победи во прв круг во Кисела Вода

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски официјално е нов градоначалник на Кисела Вода.

По завршувањето на пребројувањето на гласовите, ДИК објави дека Ѓоргиевски освоил 52,53% од гласовите, односно 14.677 гласа.

Кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник, Филип Темелковски освоил 7.662 гласа, односно 27.46% од гласовите.