December 5, 2021 01:24
Македонија

ДИК: Излезноста до 9 часот на седмите локални избори е 3 проценти

Излезноста до 9 часот на седмите локални избори е 3 проценти. Правото на глас го оствариле Според ДИК, до 9 часот гласале близу 12 000 гласачи, а обработени се над 20 отсто од гласовите, соопшти Државната изборна комисија.

– Поголеми проблеми досега не се забележани, освен мали потешкотии со новата технологија, односно апарат за отпечаток. Во ситуациите кога апаратот не го препознава граѓанинот, истиот гласа по старата метода, велат од ДИК.

Граѓаните ќе избираат меѓу 299 кандидати за градоначалници и 572 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 532 кандидати. Право на глас имаат 1 824 864 граѓани запишани во Избирачкиот список.