January 16, 2021 07:12
Магазин

Дизниевите играни филмови премиерно на „Дизни-плус“

Додека „Дизни плус“ во моментов е домашен тревник на многу популарниот „Мандалоријанец“, како и на разни телевизиски серии на студиото Марвел, како „Ванда-вижн“, се чини дека претплатниците наскоро ќе посветат повеќе време на стримерот на „Куќата на глувчето“ бидејќи Дизни таму планира да прикаже премиери на неколку нови проекти.

Порталот „Дедлајн“ известува дека претстојните играни филмови, вклучувајќи ги „Круела“ со Ема Стоун и Ема Томпсон во главните улоги, „Питер Пан и Венди“ со Јара Шахиди и „Пинокио“ со Том Хенкс, најверојатно ќе немаат премиерно прикажување во киносали и наместо тоа ќе одат директно на „Дизни плус“.