October 22, 2021 23:09
Македонија

Дигиталниот учебник по историја и општество за 4-то одделение нуди учење преку примери од секојдневниот живот, велат авторките

Материјалот за учење по предметот историја и општество за четврто одделение којшто е во дигитална форма нуди ситуации и примери од секојдневниот живот коишто се блиски до возраста на дечињата. Неприметно и на интересен начин преку содржините се воведуваат во критичкото размислување и учење од искуство, велат авторките Гликерија Илиоска и Анита Ангеловска.

„Поголемиот дел од материјалот е составен од повеќе вежби, активности, секојдневни ситуации, решавање на проблеми, дискусии, истражувања коишто ќе го подобрат потенцијалот на секое дете. Дигиталниот дел од материјалот за учење освен дадената содржина содржи квизови, прашања, видео материјали, галерија на фотографии коишто се поврзани со содржината и го развиваат потенцијалот и истражувачкиот дух на ученикот“, вели Илиоска.

Авторката Ангеловска посочува дека изработката на материјали за учење претставувала огромен предизвик особено сега во време кога се подготвија нови наставни програми и тие наставни програми бараат постигнување на очекуваните резултати, националните стандарди и стандардите за оценување.

„Сите активности коишто се дадени во материјалите за учење се поврзани во интерес на учениците и развивање на нивното критичко и креативно мислење. Со колешката Илиоска работевме заеднички и имаме поттик во однос на креирање на материјали коишто ќе бидат од корист на учениците. Поддршката подразбира вклученост на сите образовни институции коишто се стручни, компетентни да определат ниво на материјали коишто се соодветни на возраста на учениците и соодветни за нивниот когнитивен развој“, вели Ангеловска.

Образовната реформа започна да се спроведува на први септември годинава, во прво и четврто одделение, според нови наставни програми и материјали за учење. Во четврто одделение предност се дава на користењето на дигиталните учебници, се со цел да се постигнат подобри ефекти од наставната програма којашто е современа и прилагодена според потребите и потенцијалите на учениците.

Monkey King: Hero Is Back (https://animefreak.ws/m/qp40) Episode Full

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

Website https://kissanime.mx: Watch Glasslip kissanime Episode 13 watch anime

4Anime: Fumiko's Confession anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime hunter x hunter

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/gogoanimebe

Bbvietnam: https://bbvietnam.com/members/animefreakws.180957/