Скопје

Дивата платформа на Матка постизборно доби ограда

Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација, информира А1он. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.

Минатиот месец градоначалникот Блерим Беџети рече дека не постапиле по барањата за легализација на платформите на Матка оти не стигнале на ред за разгледување. Барањата чекаат ред од март година кога министерот за транспорт и врски побара од Општина Сарај да ги урне дивите платформи, а градоначалникот се оправда дека законски не може да го направи тоа оти сопствениците поднеле барања за легализација за кои се веќе почнати процедурите.

Фото: „А1он“

Нови вести

Ифтарска вечера под покровителство на Турската амбасада

Daniela

Без струја делови на општина Илинден

Igor

ЈП „Комунална хигиена”- Скопје спроведува едукативни активности каде што се создаваат диви депонии

Valentina