Спорт

Де Лихт: Не знам дали ќе одам во Барселона

Дефанзвецот на Ајакс, Матаис де Лихт, во голема мера ги потврди извештаите од последниве часови, дека неговиот трансфер во Барселона сѐ уште не е реалност. До неодамна се сметаше дека тој сигурно оди на „Камп Ноу”, заедно со соиграчот Френки де Јонг, но сега изгледа тоа не е толку сигурно.

– Не е време да зборуваме за мојата иднина. Не знам дали ќе одам со Де Јонг во Барселона, се уште треба да ја анализирам ситуацијата и сите понуди кои ги имам. Ќе видиме што ќе се случи и каде ќе бидам на крајот на летото. За сега немам договор со никого, изјави Де Лихт кратко време откако неговиот тим ја освои 34-тата титула на Холандија минатата ноќ.

Сериозен интерес за Де Лихт има и од Јувентус и Пари Сен Жермен, а Баерн Минхен и Реал Мадрид исто ја следат ситуацијата.

Нови вести

Липи се враќа на селекторското место во Кина четири месеци по оставката

Igor

Познати полуфиналистите на Свесткото хокеарско првенство

Igor

Брејк на Торонто во петтиот дуел од финалната серија со Милвоки

Igor