February 2, 2023 03:19
Спорт

Де Лихт и Де Шиљо го кодошеле Кјелини

Не стивнува аферата околу фудбалскиот клуб Јувентус, поврзан со финансиската измама. Сега на ред се играчите, сегашни и поранешни, од кои некои се подготвени да ги обезбедат сите докази кои би можеле да се искористат против клубот.

„Газета дело Спорт“, пишува дека дека поранешниот фудбалер на Јувентус, Матијас де Лихт, како и сегашниот Матија де Шиљо, на истражните органи им ги покажале пораките кои поранешниот капитен на „Старата дама“, Џорџо Кјелини им ги испратил на играчите во врска со аранжмани за плати за време на пандемијата на коронавирус.

Тие пораки би можеле дополнително да го зајакнат случајот против клубот и неговите директори, кои се осомничени за финансиски малверзации.

Наводно, со речиси сите играчи е постигнат договор да им се исплати само по една плата, додека не се играше фудбал поради пандемијата на коронавирусот. Самиот Кјелини ја негираше својата активност во агитирање за намалување на платите, а еден од оние кои не сакале да го прифатат тоа бил и Кристијано Роналдо.

Затоа, Јувентус склучи два одвоени договори со него. Еден за јавноста, според која се согласува да си ја намали платата, додека вториот му гарантирал дека ќе си ги добие платите. Токму откривањето на тој договор беше увертира за разгорување на оваа афера.