Магазин

Дејвид Бекам и „Дизни плус“ во заеднички проект „Спаси го нашиот тим“

Дејвид Бекам ќе биде ментор на млади фудбалери во нова серија за „Дизни плус“.

Спортската sезда, која беше капитен на Англија и играше за клубови меѓу кои „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“, ќе се врати на терените во источен Лондон каде играше како дете.

Неговата мисија е да им помогне на момците кои се борат да преживеат во својата аматерска лига.

Бекам изјави дека е многу среќен што го создава проектот „ Спаси го нашиот тим“.

„Да се осветли фудбалски терен на кој пораснав и кој ми даде многу на почетокот на мојот живот во играта е фантастично,“ рече тој.

„Имав среќа да имам долга и успешна кариера како играч и сега имам можност да се вратам тука како ментор на овие млади луѓе.“

„Развивањето и негувањето на млади таленти е многу важно во играта и одлично е да се работи со Дизни плус на овој проект“.

GoGoAnime re zero gogoanime: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 11

KissAnime kissanime gogoanime: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 12