December 4, 2022 20:35
Спорт

Дејан Станковиќ е нов тренер на Сампдорија

Српскиот стратег, Дејан Станковиќ е нов тренер на Сампдорија, италијанскиот клуб денеска и официјално го потврди.

Доскорешниот тренер на Црвена звезда, за првпат во кариерата самостојно ќе води клуб од Серија А, неговата прва станица таму е Сампдорија.
„Сампдорија сака да му каже добредојде на Дејан Станковиќ како главен тренер на првиот тим до 30 јуни 2023 година со опција за продолжување до 30 јуни 2024 година“, се вели во соопштението на клубот.
Станковиќ речиси целата играчка кариера ја помина во Серија А па многу добро ја познава италијанската лига.
Неговиот прв предизвик ќе биде веќе во сабота кога Сампдорија гостува кај Болоња, а во колото потоа ја пречекуваат Рома. Тоа ќе биде дуел на Станковиќ и Мурињо, двајцата кои беа дел од генерацијата на Интер која ја освои тројната круна.