April 15, 2021 09:43
Спорт

Дејан Пановски е новиот претседател на Скијачката федерација на Македонија

На Изборното собрание на Скијачката федерација на Македонија беше одлучено за нов претседател да биде прогласен Дејан Пановски.

Пановски е инаку поранешен алпски скијач, со два настапи на Зимските олимписки игри во 1998 и 2002 година, а воедно настапуваше на Светско првенство во сениорска и јуниорска конкуренција.

Тој беше едногласно избран од страна на 13 клубови, а на изборот присуствуваше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт. Мандатот на Пановски ќе трае една година, а потоа ќе се одржи нов избор во собранието на федерацијата.

-Како спортист и голем вљубеник во планините и скијањето, максимално ќе се посветам за конечно да имаме видливи позитивни резултати и напредок во овој спорт. Во наредниот период сите активности ќе бидат насочени кон унапредување на квалитетот на сите спортови во рамките на Скијачката федерација на Македонија, обезбедување средства за млади, надежни натпреварувачи и кон популаризација и заживување на скијачките клубови, а со тоа и на зимскиот спорт во нашата земјаизјави Пановски.