September 20, 2021 23:17
Свет

Деца со децении биле злоупотребувани во домови во Лондон

Британски социјални работници „изложиле ранливи деца” на сексуални престапници кои се инфилтрирале во домови за деца и во згрижувачки семејства со „катастрофални, доживотни последици врз жртвите”, покажа извештајот за децениското злоставување деца.

Работниците во лондонскиот кварт Ламбет „се однесуваа кон децата како да се безвредни” и, како што изгледа, покажаа „бесчувствителност кон ранливите деца, а беа платени да се грижат за нив”, посочуваат наодите на Независната истрага за сексуална злоупотреба на деца.

Авторите на извештајот имале докази дека децата биле силувани, изложени на недолично однесување и сексуално злоставување, но навеле дека дисциплинска мерка, според жалбите на 705 корисници во три институции за социјална заштита, е изречена само на еден вработен во раководните служби.
Тие посочуваат дека кога децата се жалеле, никој не верувал во нивните изјави. Џон О’Брајан, секретар на Независната истрага за сексуална злоупотреба на деца, рече дека извештајот е најлош од сите 15 што досега ги составиле.Каде и да погледнате, ќе пронајдете пропуст или повеќе од нив. Тоа е единствениот извештај што морав редовно да прекинувам да го читам поради содржината, рече О’Брајан.

Клер Холанд, членка на Советот на округот Ламбет, рече дека „советот бил одговорен за таа грижа и заштита, но не успеал, со далекусежни последици”.Советот длабоко жали поради нивните искуства, рече Холанд.

Rebirth Episode 49

Sekirei: Pure Engagement Episode 0 (Dub) Episode Full

Patema Inverted: Beginning of the Day (https://twistmoe.net/m/y9Z8) Episode 4

Website https://animeflv.uk: Watch Ling Long: Incarnation Special animeflv Episode Full anime online

Ok: https://ok.ru/profile/568907812082/statuses/153668624498162

Seedandspark: https://seedandspark.com/user/gogoanime-5