August 14, 2022 20:43
Македонија

Деца од семејства во социјален ризик ќе одат на седумдневен летен одмор

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) треба да донесе програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, а ќе се објави и повик на веб-страницата на МТСП и во Центрите за социјална работа.

Децата од семејствата со социјален ризик и децата корисници на посебен додаток ова лето ќе ја користат услугата за одмор и рекреација, одлучи Владата на денешната седница со усвојување на информацијата за реализација на проектот.

Притоа, како што се додава во владиното соопштение, се задолжува Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да донесе програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, а за што ќе биде објавен повик на веб-страницата на МТСП и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект.