August 13, 2022 20:12
Магазин

Децата не сакаат општи прашања

Психологот Сиги Коен, специјалистка за развој на детето, редовно објавува совети за родителството на „Тик-ток”. Овојпат, таа открива зошто малите деца одбиваат конкретно да одговорат на општи прашања, како она „како го помина денот” и сл., и советува како родителите треба да постапуваат во оваа ситуација.

– Го земате детето од училиште и возбудено прашувате: „Како беше на училиште денеска?” Но, добивате одговори како: „Не знам”, „Заборавив”, „Добро”. Се разбира, Вие сакате да слушнете дека детето имало прекрасен ден, но треба да разберете дека за него штотуку заврши денот полн обврски, вели д-р Коен.

Според неа, причината поради која децата даваат кратки одговори е тоа што прашањето е преобемно и премногу општо. Советот гласи, родителите да поставуваат поконкретни прашања, како на пример: „До кого седеше за време на ручекот?” или „Дали наставникот кажа нешто смешно денеска?”

– Вие треба да му помогнете на детето да го опише денот поподробно, вели таа.

Видеото е прегледано повеќе од три милиони пати. „Благодарам за објаснувањето, токму ова ми требаше”, „Често си поставувам вакви прашања. Сега знам многу повеќе” – се дел од коментарите.