June 17, 2019 17:12
Магазин

Дете преживеа еден ден во пустина

Петгодишно момче кое се загубило при семеен излет во западна Аргентина, е пронајдено живо и здраво откако минало 24 часа во пустината во провинцијата Сан Хуан.

Властите и околу 1.000 доброволци учествувале во потрагата, а детето го нашол поранешен возач на мотор на релито Париз-Дакар. Тоа заталкало 21 километар од местото на кое претходно било видено.

– Ми беше студено. Лошо спиев, потпрен на еден камен, рече момчето за медиумите откако веќе било згрижено.

Детето е сместено в болница поради полесна дехидратација, но вчера е пуштено дома.

Нови вести

Музичари свиреа на инструменти од мраз за да ја подигнат свеста за климатските промени

zane

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

zane

Индиски магионичар исчезна во река обидувајќи се да го имитира Худини

zane