October 21, 2020 14:46
Свет

Дете во Саудиска Арабија почина откако на лекарите им се скрши брис за Ковид-19 во неговиот нос

Едно и пол годишно дете од Саудиска Арабија почина како резултат на кршење на брис за коронавирус во носната празнина, откако медицинскиот персонал во една болница изврши Ковид-19 тест, зошто детето имало висока температура и треска.

Министерот за здравство Тавфик бин Фавзан ал-Рабија нареди истрага за инцидентот.

„Тој не страдаше од никакви хронични или опасни болести. Во петокот вечерта имаше треска и го однесовме во општата болница Шакра со неговата мајка“ изјавил неговиот вујко и старател.

„ Откако беше прегледан од лекар, тие одлучија да направат брис од нос, иако тој беше здрав и се жалеше само на висока температура“ рекол вујкото.

Лекарот решил да го стави под општа анестезија за да го извади скршениот брис од носот на детето.

„Околу 1 часот по полноќ, тие ме известија дека операцијата е завршена и дека лекарот може да го извади брисот“.

Кога неговиот внук се разбудил, ја замолил медицинската сестра да го прегледа момчето по операцијата, да го провери неговиот статус и да се осигура дека брисот е изваден целосно и дека нема крварење или отежнато дишење.

Но, медицинската сестра рекла дека лекарот не е достапен и ја замолила мајката да почека.

Во 9 часот наутро, момчето ја изгубило свеста, а медицинскиот персонал открил дека тоа не дише и направиле ЦПР.

„Потоа дојдов во болницата и побарав да дојде докторот специјалист. Тој направи рентген што покажа дека има блокада на дишните патишта во едно од белите дробови, според радиологот “.

Вујкото бара истрага за причината за неочекуваната смрт на детето и казни за постапките на медицинскиот персонал кој го водеше случајот на неговиот внук.