June 21, 2021 15:48
Хроника

Детали за сообраќајката во Автокоманда

Четворица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во Автокоманда, дознава 24 Инфо.

-На 15.05.2021 година во 14,50 часот на крстосница од булеварот Александар Македонски со улиците Интернационални Бригади и 16 Македонска Бригада се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од село Теранци, кочанско и автомобил „Даихатсу Сирион“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. од Скопје, велат од МВР.

Во незгодата со лесни повреди, констатирани во ГОБ “Св. Наум Охридски” завршиле Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т(27) од Кавадарци.

Додека со тешки телесни повреди констатирани во КЦ Мајка Тереза се здобиле Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

AnimeTV ha anime tv: Watch Naruto: Shippuden (Dub) Episode 381

GoGoAnime i want to eat your pancreas gogoanime: SK8 the Infinity (Dub) Episode 11