June 14, 2021 08:40
Свет

Детали за пукањето во училиште во Казан: 11 убиени, 32 ранети; едниот напаѓач убиен, другиот ликвидиран

Во пукањето во училиште во Казан, 32 лица се повредени и пренесени во болници, изјави за ТАСС извор од Министерството за образование.

Според последните податоци, во нападот се убиени 11 лица, од кои девет се деца.

Утрово две неименувани лица отвориле оган кон училиштето број 175 во Казан, по што одекна експлозија.

Според извор, сигнал од копчето за паника во училиштето во Казан пристигнал во 09:25 часот, а пукањето започнало во 09:20 часот. Во тоа време, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 наставници.

Неколку деца скокнале од третиот кат на училиштето, бегајќи од напаѓачите кои почнале да пукаат.

Еден од стрелците во училиштето во Казан влегол со автоматско оружје низ главниот влез на зградата и веднаш отворил оган, изјави извор од Министерството за образование.

– Маж со митралез влегол низ главниот влез на зградата и веднаш отвори оган. Го повреди домаќинот во училиштето, кој бил на влезот, рекол извор, пренесуваат руски медиуми.

Приведен е малолетник, 17-годишен тинејџер, виновен за пукањето. Вториот напаѓач, за кого очевидци велат дека сè уште бил во училиште и веројатно држел заложници, е убиен од безбедносните сили.

Во моментов сите деца се евакуирани.

Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.

Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.

Пукањата во училишта се релативно ретки во Русија, но во последните години имаше неколку насилни напади во образовни институции, главно извршени од ученици.

WCOStream wcostream attack on titan: Naruto: Shippuden (https://wcostream.cc/m/kzw) Episode 500

AnimeDao detective conan animedao: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 2 (https://animedao.nl/m/229q/ep-2)