October 26, 2021 13:29
Хроника

Детали за акцијата кај Богородица: Двајца Албанци со две торби со 67 кг марихуана сакале нелегално да преминат во Грција

На 12.10.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, беа лишени од слобода 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.

Имено, на 12.10.2021 во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две  торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и  А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија.

Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од  с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на  криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од слобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево.  

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Website https://animefreak.ws: Watch The Quintessential Quintuplets 2 (Dub) animefreak Episode 12 dubbed anime

4Anime: Astro Boy anime episode 193 online free at https://4anime.biz 4anime death parade

Website https://animeflv.uk: Watch Metropolis animeflv Episode Full anime sites

KissAnime: Time Bokan Series: Yatterman anime episode 67 online free at https://kissanime.mx assassination classroom kissanime

AnimeKisa: Mobile Suit Gundam Thunderbolt: December Sky (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in free anime