December 1, 2021 17:05
Свет

Десет лица загинаа при превртување на брод во Кина

Десет лица загинаа, а пет се водат како исчезнати откако брод се преврте во река во југозападниот дел на Кина.

Државната телевизија ЦЦТВ објави дека бродот се превртел веднаш откако испловил, а првичната истрага покажува дека причина за несреќата е силниот ветер.

Најмалку 46 луѓе, од кои повеќето студенти, се наоѓале на бродот, чиј максимален капацитет изнесувал 40 патници. Спасени се 31 лице.

Истрагата е во тек, а десетици спасувачки екипи се ангажирани во потрага по исчезнатите и нивно спасување.