February 22, 2020 08:05
Свет

Десет лица загинаа при инцидент во црква во Етиопија

Најмалку десет луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени денеска откако дрвена трибина за гледачи се урна за време на православниот христијански празник Богојавление во етиопискиот град Гондар, соопштија локалните здравствени власти.

– Досега имаме десет загинати. Бројот на повредените е 100, а можеби и 150 лица, истакна еден лекар во универзитетската болница во Гондар.

Се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.