September 21, 2019 16:21
Хроника

Десетмина повредени во судир на три возила на патот Струмица-Валандово

На 18.08.2019 во 10,40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, делница Струмица-с.Костурино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено кангу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Богданци, патничко моторно возило „Мерцедес вито“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.М.(34) од с.Банско, и патничко моторно возило „Фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(37) од Струмица.

Во незгодата З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле девет лица од другите возила. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Нови вести

Детали за полициската акција во 24 градови: Кривични за 36 дилери на дрога

Igor

Уапсени десетици дилери на дрога низ цела Македонија

Igor

Јосифовски доби кривична за хакирањето на Централен регистар

Igor