November 24, 2020 02:31
Свет

Десетици уапсени на протест против карантинот во Мелбурн

Властите во Мелбурн уапсија повеќе од 70 лица за кршење на прописите за останување во домовите, за време на протестот против рестриктивните мерки наметнати заради борба против Ковид-19 во земјата. Некои луѓе беа уапсени по судирите со полицијата на локалниот пазар.

Околу 250 лица присуствуваа на протестот, кој не доби дозвола од надлежните органи и беше организиран преку социјалните мрежи.

Демонстрантите ги игнорираа забраните за собири на отворено и побараа да се укине карантинот во вториот по големина град во Австралија.

Во судирите со полицијата, покрај 70-те уапсени, има и 176 лица кои биле парично казнети поради закани кон полицајци.

Минатиот викенд во Австралија се одржа настан под мотото „Ден на слободата” против ограничувачките мерки во земјата.

И покрај постепеното олеснување на мерките, полицискиот час, ограничувањата за посети на домови за стари лица и болници и ограничувањата за патување на повеќе од пет километри од домовите, ќе останат во сила до 26 октомври.