January 21, 2019 23:42
Свет

Десетици Романци протестираа против лошиот квалитет на воздухот во Букурешт

Десетици Романци денеска протестираа поради лошиот квалитет на воздухот во Букурешт, кој е еден од најзагадените градови во Европа.

Демонстрантите со медицински маски на лицата протестираа пред Градското собрание.

Букурешт има 2,1 милиони жители, лоши патишта, ограничен паркинг простор и 1,25 милиони регистрирани автомобили.

Градското собрание соопшти дека работи на унапредување на квалитетот на воздухот, унапредување на системот на јавен превоз, поттикнување на алтернативниот превоз и казнување на лица и компании за незаконско фрлање на ѓубре.

Related posts

Некои земји не ја сфаќаат климатската криза, сметаат од Организацијата за заштита на дивиот свет

Valentina

Одложени изборите во Авганистан

Filip

Италијанско МВР: Бројот на посетители во клубот го надминал максимално дозволениот

Filip