Магазин

Десетици организации го повикаа Јутјуб да се бори против дезинформации

Повеќе од 80 организации за проверка на факти ја повикаа онлајн видео платформата Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите, нудејќи помош за разоткривање на лажни тврдења.

– Секој ден гледаме дека YouTube е еден од главните канали на онлајн дезинформации ширум светот, истакнаа групи од целиот свет – од Политифакт и Вашингтон пост во САД до Африка чек (Africa Check) со седиште во Кенија.

– Видеата што содржат лажни информации останаа „под радарот на политиките на Јутјуб, особено во земјите од неанглиско говорно подрачје, велат тие во отворено писмо до шефицата на платформата Сузан Војчицки.

– Ве повикуваме да преземете ефикасна акција против дезинформациите … и да го сторите тоа заедно со светските независни, непартиски организации за проверка на факти, додаваат тие.

– Нашето искуство како проверувачи на факти, заедно со академските податоци, покажува дека објавувањето проверени информации е поефективно од бришењето содржини, подвлекуваат организациите.

Портпаролката на Јутјуб, Елена Ернандез ја бранеше платформата, велејќи дека проверката на фактите е „важна алатка”, но само „еден дел од многу поголема сложувалка за справување со ширењето на дезинформации”.

– Во текот на годините инвестиравме многу во политики и производи во сите земји … за да ги поврземе луѓето со авторитативна содржина, да го намалиме ширењето на граничните дезинформации и да ги отстраниме видеата што содржат насилство, додаде таа.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

6 LOVERS Episode 1

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

animes online GoGoAnime JUJUTSU KAISEN

english dubbed anime Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

How NOT to Summon a Demon Lord Ω Episode 6