Свет

Депортираната чешка тенисерка: Се чувствував како криминалец, ме тераа да се соблекувам

Чешката тенисерка Рената Ворачова, која беше депортирана од Австралија една недела откако ѝ беше дозволен влез во земјата, при враќањето дома кажа дека не доживеала многу непријатности за време на процесот на протерување, но потоа ги промени изјавите и кажа дека „се чувствувала како криминалец“ за време на испитувањата пред да ја напушти земјата, при што ја принудиле да се соблече.

Таа дури одигра и натпревар на турнирот во Мелбурн, кој се одржа во пресрет на почетокот на Австралија опен, пред Австралијците да се предомислат и сепак да ја избркаат од земјата.

Тенисерката имаше исто медицинско изземање како и Новак Ѓоковиќ и е убедена дека немало да биде депортирана доколку не бил неговиот случај.

„Малку се чувствувавкако криминалец, иако немаше причина да се чувствувам така. Ги испратив сите документи. Тие ги одобрија. Да знаев дека има 1 отсто шанса нешто да не е во ред, немаше ни да патувам“, рече Чехинката во интервју за руската Би-би-си њуз.

Во интервју за руски „Деник“, таа се присети на испрашувањата во канцеларијата за имиграција пред депортацијата. Рече дека ја принудиле и да се соблече.

„Бев загрижена. Не се чувствував безбедно додека не стигнав дома, се беше неизвесно. Како на филм, долго испрашување со инструкции од типот ‘соблечи се, облечи се’. Уф, не сакам ни да размислувам за тоа, а камоли повторно да го доживеам“, рече Ворачова.

ВТА застана на страната на тенисерката и потврди дека таа не направила ништо лошо, туку само ги следела упатствата и добила дозвола за влез во земјата. Во исто време, ВТА, сепак, смета дека сите треба да се вакцинираат и ја поддржува австралиската имиграциска политика.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX BANANA FISH Episode 17

Naruto: Shippuden Episode 493

ANIMEFLIX My Hero Academia Season 3 (Dub)

Black Clover

ANIMEFLIX Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

tải go88