Магазин

Депонија во Виена воедно е и популарно излетничко место

Депонијата Ројтенвег (Rautenweg) во Виена е пример не само за најсовремена австриска депонија, но исто така и за атрактивно и интересно зелено одморалиште населено со различни животински и растителни видови.

Депониите за отпад не секаде се сметаат за атрактивно место за излети, но од Канцеларијата за управување со отпад на Виена MA48 се погрижиле овие места да ги претворат во примамливи излетнички места.

Од мај до октомври, секој петок и првата сабота во месецот тие ги повикуваат граѓаните на депонијата Ројтенвег каде што од 2009 година се депонира пепел од погоните за согорување на отпадот, пренесува „Танјуг“.

Од тогаш, депонијата е во голема мера зазеленета и станала живеалиште за многу растенија, па дури и животни, како што се кози.

За време на турите низ депонијата, посетителите се запознаваат со функционирањето на системот за управување со отпад и заштита на подземните води, а депонијата се презентира и како снабдувач со алтернативна енергија.

Целиот биолошки отпад од градините, парковите и другите градски зелени површини се одложува на овој локалитет, а сите процеси за обработка и контрола на квалитетот можат да ги следат и посетителите.

Свој дом на оваа депонија пронајдоа и кози од австриската раса Пинцгауер, кои во 90-тите години на минатиот век беа пред изумирање.

 

Нови вести

Актерот Џефри Раш доби повеќе од 2 милијарди долари отштета за клевета

Igor

„Спејс Икс” во еден ден лансираше 60 сателити

Igor

Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили

Igor