Расположението во холандската фудбалска репрезентација е на високо ниво во пресрет на утрешниот (20 ч.) четвртфинален меч на СП со Аргентина. Селекторот на „лалињата“ Луи ван Гал на денешната прес-конференција ги насмеа сите, а го стави во непријатна ситуација напаѓачот Мемфис Депај.
На денешната прес-конференција Ван Гал проговори за неговиот однос со Анхел Ди Марија.
-Ди Марија ме нарекол најлошиот тренер кој го имал? Тој е еден од неколкуте со такво мислење. Навистина ми е жал ако мисли така. И Мемфис требаше да се справува со мене во Манчестер, а сега двајцата се бакнуваме во уста, рече Ван Гал и изнуди интересна реакција од Депај.
https://twitter.com/i/status/1600842329689968646