November 14, 2019 00:38
Економија

Денови на македонското пчеларство во Битола

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски денеска во Битола ја отвори манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“. Оваа манифестација се оддржува по 22 – ри пат а секоја година ја организира пчеларското здружение „Нектар“. Директорот, Бабовски во обраќањето истакна дека преку оваа манифестација, здружението „Нектар“ секоја година не потсетува за тоа колкаво е значењето на пчелите за нас, за растенијата, но и за климатските промени и намалувањето на гладот во светот.

Истовремено, хранливоста на пчелните производи е до толку специфична, што не може да се добие во фармацевтските лаборатории, токму затоа како што истакна Бабовски, наша цел е да ги заштитиме и да создадеме услови за раст и развој на пчеларството во државава. Растот на бројот на пчелни семејства покажува дека мерките и проектите за пчеларството овозможуваат оваа гранка да се развива.

„Дека сме на прав пат, покажуваат и податоците за исплатени средства за регистрирани и презимени пчелни семејства ако во 2014 – та по основ на оваа мерка сме исплатиле 99,5 милиони денари во 2018- та за истата мерка имаме исплатено 159,5 милиони денари што е зголемување на исплатените средства од 60%. Преку Програмата за рурален развој поточно преку Мерката органско производство на мед во изминатите три години сме исплатиле вкупно 6.5 милиони денари. Дополнително преку Мерките од ИПАРД и програмата за Рурален развој овозможуваме набавка на опрема за пчеларство“,  истакна Бабовски.

Тој додаде дека преку ИПАРД програмата за развој на пчеларството имаме склучени 7 договори и ним ќе им бидат вратени 13.000 евра за реализираните инвестиции во делот на пчеларството. Во моментов има регистрирани 240.000 пчелни семејства. Владата, Агенцијата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе продолжат да креираат мерки и поволни услови за развој на овој сектор, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка, истакна тој.

Нови вести

Арсовска: Буџетот за 2020 година нема да го помогне стопанството, за директна поддршка за приватниот сектор три отсто

Valentina

Србија за неколку дена може да воведе 24-часовна фитосанитарната и ветеринарна инспекција на Прешево

Valentina

Лани во земјава испратени 200 милиони евра лични трансфери од земјите во ЕУ

Valentina