October 17, 2019 08:04
Македонија

Денови на Еразмус+ на Штипскиот универзитет

Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип денеска  организира целодневен настан за одбележување на Деновите на Еразмус+  (ErasmusDays2019) за да ги запознае студентите со можностите што ги нуди оваа образовна програма на ЕУ.

Настанот ќе почне со споделување успешни приказни на досегашните студенти и неформална дружба со нив и координаторите на програмата Еразмус+, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и од невладиниот сектор. Поканети се и студенти од странство за кои ќе се организира церемонија за добредојде на УГД.

Деновите на Еразмус+ оваа година ќе бидат одбележани со повеќе од илјада настани  во 39 држави, меѓу кои и во Северна Македонија. Настанот на УГД-Штип ќе се одржи во Кампус 2 од 11 часот.

Нови вести

Заев- Туск: Северна Македонија и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори

Filip

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Filip

Заев – Сасоли: Секоја друга одлука освен преговори ќе биде поттик за регресивни процеси во земјата и регионот

Filip