January 29, 2023 14:23
Македонија

Денес и утре отворени општини за граѓаните, предложи идеја, биде дел од промените што носат иднина

Денес и во недела од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти.

Преку проектот „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени”, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им нудат можност на граѓаните да предложат идеи и проекти кои подоцна ќе бидат прецизно разгледани од стручни и професионални лица и ќе бидат вклучени во општинскиот буџет за 2023 година.

Они граѓани кои нема да бидат во можност да ги посетат општините, ќе имаат можност и онлајн преку веб страната budzet.mk да ги предложат своите предлог проекти.

Градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година реализираа исклучително голем број на проекти, и со такво темпо се продолжува и следниот период. Граѓаните заслужуваат да живаеат во модерни, чисти, убави и средени општини во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. И токму затоа секоја идеја, секој проект е добредојден. Концептот на овој голем проект „Твојата идеја за промени” е граѓаните активно да се вклучат во креирање на локални политики за побрз економски развој на општините. А целта е да се создадат проекти каде што секој граѓанин ќе може да се идентификува.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека единствен приоритет им е исполнување и реализација на ветените проекти, како и решавање на проблемите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е бренд кој е препознаен меѓу народот со работа, труд, сплотеност им покажавме на граѓаните дека може да се обезбеди иднина и нова надеж.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи за обезбедување на поквалитетен живот и повисок стандард.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, стратегија и план.

Создади буџет со твои проекти кои се реални и остварливи и биди дел од кампањата „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени”.