Магазин

Денес е погребан легендарниот пејач Тозовац – ова се непознати работи од неговиот живот:“Режимот на Тито ми ја забрани песната “Ја сам ја Јеремија““

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац кој почина од коронавирусот (а, денес на 9.04. е погребан) зад себе остави мошне богата музичка кариера. Беше омилен пејач на многу генерации, на секаде од Вардар па до Триглав со грст свои мега хитови: „Тражи нову љубав“, „Јесен у мом сокаку“, „Празна чаша“, “Оф Јано, Јано“, “Мирјана љубав си једина“, “Ти си ме чекала“….а, поради хитот “Ја сам ја Јеремија…“ тој во поранешната комунистичка Југославија за малку ќе лежеше во затвор.

Кога во политички турбулентната 1972 година ја пеешее песната „Ја сам ја Јеремија….презивам се Крстиќ“, тогашните немолосрдни Закони во СФРЈ ја означија како песна која најмногу ја пеат четниците од поразеното движење на поразениот српски четнички војвода Дража Михајловиќ. Песната беше забранета, а на пејачот забрането да се врати во Југославија, па поради тоа Тозовац беше принуден да се крие некое време кај пријатели во Германија.                                                              После две години одвај се враќа во Југославија, но комунистичката власт на Јосип Броз Тито по итна постапка му го одзема југословенскиот пасош!

Сепак, публиката многу ги сакаше неговите песни, па Тозовац беше принуден да пее само во Југославија, за да преживее не можејќи две години да замине на некоја турнеја вон СФРЈ што доста лошо се одрази на неговата финансиска состојба. Велеше дека поради тоа беше во загуба од некои десетина милиони, тогашни германски марки.
Легендарниот пејач глумеше во неколку филмови и серии, а најпознат е по улогата во филмот „И Бог створи кафанску певачицу“…

Забележителни улоги имаше и во останатите филмови и сери: „Наше приредбе“, „Врти се, врти вретено“, „Весело вече – 20 година“, „Живот је леп“, „Двособна кафана“, „Момчине“, „Дописани“, „Прва српска железница“, „Фолк парада“, „Балкан Експрес 2“…..
Сепак играјќи во филмот „И Бог створи кафанску певачицу“ од 1972 на режисерот Јован Живановиќ., легендарниот Тоза за малку ќе ја освоеше и филмската “Арена“ на фестивалот во Пула. Одлично ја одиграл сцената во која со своите пријатели ќе се сретне со неговата стара пријателка пејачката Бела Сек, која ја игра актерката Вера Чукиќ. Тој ѝ дава грст комплименти, но открива дека во меѓувреме се омажила за Ратомир Јованиќ Ратко, кој го играше актерот Бата Живојиновиќ со кој влегува во жестока тепачка поради пејачката…..

Тозовац е човек кој се сеќаваше на се што поминувал низ животот, но најтешко го преболе времето на епидемијата со туберкулозата. -Туберкулозата ги косеше луѓето. Земун и Крагујевац беа жариште на туберкулозата. Луѓето умираа таму за една недела. Веднаш штом ќе заладеше времето, тоа стануваше пекол од умирачки. Многумина починаа од моето семејство кога владееше тоа зло со туберкулозата, која тогаш беше неизлечива болест. Мачевме мака, сѐ додека не се појави антибиотикот. Луѓето беа исплашени, се плашеа од меѓусебни контакти….

Преземено од Вечер Прес

KissAnime kissanime weathering with you: Jujutsu Kaisen (TV) (https://kissanimeonline.com/m/2nKj) Episode 24

WCOStream close enough wcostream: So I'm a Spider, So What? (https://wcostream.cc/m/4qnl) Episode 13