Македонија

Денеска седница на Уставен суд

Уставен суд денеска ќе одржи седница на кои ќе расправа за следниве иницијативи:

Подносител: Ѓорѓи Илиевски од Скопје.
Се оспоруваат членовите 174 ставови 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високото образование како неусогласени со конкретниот член од Уставот кој бил операционализиран со членот 151 од Законот за работните односи. Подносителот на иницијативата смета дека оспорените законски одредби не биле во согласност со Уставот кој во членот 89 став 5 предвидува дека функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.

Подносител: Златко Јолески, адвокат од Скопје.
Се оспоруваат член 19 став 17 од Законот за административни службеници како неусогласени со член 8 став 1 алинеја 3, членот 15, членот 50 и членот 51 од Уставот, кои предвидуваат владеење на правото како темелна вредност, гарантирано право на жалба и заштитата на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите, како и начелото на уставност и законитост. Подносителот наведува дека настанувале повреди на Уставот кога државен орган како тужен ќе се повикал на оспорениот член 19 став 17 од Законот за административни службеници, бидејќи граѓанинот – тужител не можел да има увид кога точно почнувал да тече утврдениот рок за поднесување на тужба против одлуката од Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен.

Подносител: Бензински пумпи дооел Кочани од Кочани
Се оспоруваат Одлука бр.09-360/1 од 31.01.2020 година и Одлука бр.09-317/1 од 28.01.2021 година на Советот на Општина Кочани. Во опширните наводи во иницијативата, покрај другото, се наведува и дека со оспорената втора одлука граѓаните биле ставени во нееднаква положба, од причина што биле изедначени сопственик на стан за домување кој живеел во периферниот дел од градот каде што становите биле помалку атрактивни и сопственик на стан кој што живеел во атрактивен дел од градот, а истите ќе плателе данок како сите станови да биле со иста вредност.

Подносител: Шенол Ризванче, преку полномошник Вергин Шабани, адвокат од Гостивар.
Се оспорува Одлука за усвојување на конечниот Предлог Детален урбанистички план – Урбана единица “В” – Блок 8 – Општина Гостивар, број 08-2101/1 од 25.12.2020 година. Подносителот на иницијативата смета дека со оспорената одлука граѓаните се ставале во нееднаква положба од причина што во конкретниот случај градежната парцела, сопственост на подносителот на иницијативата, добивала помала пазарна вредност бидејќи останувала со намена А-А1 (домување во станбени куќи), бидејќи не била опфатена со ДУП во Блок 8.

Подносител: Николче Мушаревски од Скопје.
Се оспорува член 1 став 2 од Гранскиот колективен договор објавен во Службен весник бр.172/2021. Во иницијативата, меѓу другото се наведува дека со оспорената одредба се вршела дискриминација на иста категорија на вработени односно, одредбата од Гранскиот колективен договор овозможувала една група на вработени лица да се во поповолна ситуација во споредба со друга група на вработени лица, иако и двете групи биле во идентична ситуација како административни службеници и двете групи на вработени биле под јурисдикција на ист закон.
Повеќе информации за иницијативите прочитајте на веб-сајтот на Уставниот суд

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 22

AnimeDao Death Note (Dub)

free anime online That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

AnimeDao How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 13

JUJUTSU KAISEN Episode 18