January 15, 2021 16:27
Македонија

Денеска официјално започна виртуелниот Самит Македонија 2025

Денеска официјално започна 9-то издание на Самитот Македонија2025 во хибридна/ виртуелна форма, со воведни поздравни обраќања од страна на Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025 и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.

„Ви посакувам топло добредојде на 9-то издание на Самитот Македонија2025.Ова е тешка година за секого, но сепак решивме да ја испочитуваме традицијата, иако во различен,виртуелен формат. Во овој период, пандемијата на Covid-19 и здравствената/ економска криза низ светот, се неизбежна тема на сите дискусии, но целта на Самитот е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешните примери и најдобрите практики кај компаниите од земјава и светот.посочи Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.

Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025во воведниот говор потенцираше Сакам да повторам една фраза или мисла која стана мото на нашата органзиација, а се надеваме дека ќе стане мото на сите лидери во земјава: Не е важно дали се движиме лево или десно, туку НАГОРЕ или НАДОЛУ.Ни посакувам на сите успешен Самит, инспирирачки дискусии и дебати, можност за поврзување и учење. Да покажеме дека знаеме, дека имаме желба и дека можеме  да ги надминеме бариерите на тековната здравствена и економска криза и да зборуваме за иднината. Економскиот раст не се случува во вакуум. Нашите одлуки и активности денес ја обликуваат нашата иднина и иднината на нашите деца. Да носиме правилни одлуки.“

 

Панел- дискусијата„Светот за време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“се осврна на влијанието на Ковид-19 врз локалната, глобалната економија и можностите за економско заздравување, а на истата учествуваа H.E. Зоран Заев, Претседател на Влада на Република С. Македонија, Н.Е. Кејт М. Брнз, Амбасадор на САД во С. Македонија и H.E. Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во С. Македонија.

Исто така, во склоп на денешната програма, се одржа ибизнис интервју под наслов Привлекување странски директни инвестиции: Како да имате корист за време на пандемијата“, каде зборуваа Дејвид Ист, Раководител на СДИ и стратегија за производи, Биро ван Дијк – Мудис, кој бешеинтервјуиран одстрана на Виктор Мизо, Член на Одборот на директори на Македонија2025

Самитот во следните два дена ќе биде исполнет со инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината.

 

За Македонија2025

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.