November 26, 2020 05:02
Балкан

Дендиас: Турција да даде опипливи знаци на почитување на меѓународното право

Повлекувањето на „Оруч рејс” е позитивен, но прв знак, потребни се многу други опипливи знаци на почитување на меѓународното право, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по завршувањето на Советот за надворешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

-Советот препозна дека повлекувањето на „Оруч Рејс” е позитивен знак, но е прв знак. Турција ќе треба да даде многу други опипливи знаци на почитување на меѓународното право. За прашањето повторно ќе се разговара на Советот на шефови на држави и влади, за да можеме конечно да стигнеме до насоки за европско -турските односи. Се надеваме дека дотогаш Турција ќе даде, повторувам, опипливи знаци на почитување на меѓународното право, порача шефот на грчката дипломатија.