Балкан

Дендиас имал наредба од Мицотакис, ако биде испровоциран да одговори

Постоеше целосна усогласеност на министерот за надворешни работи со премиерот и доби јасна наредба од него, ако биде испровоциран, да одговори соодветно, коментираат грчки владини извори за медиумите, по вчерашната прес конференција на шефовите на грчката и турската дипломатија во Анкара. Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, си разменија остри критики и меѓусебни обвинувања за низа теми, нешто што веројатно не беше од претходно предвидено, па прес конференцијата, се претвори во „ринг” за истакнување на аргументите на секоја од страните.

-Ако некој мисли дека Грција ќе кажува различни работи во странство и различни дома, се лаже. Наредбите на Киријакос Мицотакис се дека ние насекаде зборуваме ист јазик, јазик на вистината. Со сериозност и пристојност го бараме нашето право. Секогаш сакаме дијалог, но не отстапуваме од нашите црвени линии, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, за грчката телевизија „Стар” коментирајќи ја прес конференцијата на Чавушоглу и Дендиас.

Грчките опозициски партии излегоа со соопштенија за средбата на двајцата министри, од Движење на промена велат дека очекуваат официјални информации од Владата и прашуваат колку добро била подготвена средбата и која била целта, додека пак од СИРИЗА, коментираат дека „средбата уште еднаш ја истакна потребата грчката дипломатија одново да има иницијатива на потезите, со стратегија што има почеток, средина и крај за одбрана на суверените права”.

-Наметнатото истакнување на цврстите грчки и европски позиции, по долг период на заострено кршењето на суверените права на Грција и Република Кипар од страна на Турција, што правилно го стори министерот за надворешни работи Дендиас, не ја пополнува оваа празнина, соопштуваат од СИРИЗА.

„Дуелот”  меѓу двајцата министри за надворешни работи денеска е главната тема во грчките медиуми како и на насловните страници во весниците.

AniWatch watch anime: Bleach Episode 366

4Anime persona 4 the animation english: Watch Tokyo Ghoul Episode 10 (https://4anime.biz/m/Yrm/ep-10)