Балкан

Дендиас: Грција чувствува голема морална должност да му помогне на целиот регион да се приклучи кон Европа

Цврстата позиција на Грција, Северна Македонија и Албанија да ги одржат првите меѓувладини конференции со ЕУ, ја повтори шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговата колешка од Косово Доника Грвала-Шварц.

Дендиас рече дека разговорите биле фокусирани на европската перспектива на регионот, ситуацијата на Западен Балкан, можностите за енергетската соработка, како и на билатералните односи,  јави дописничката на МИА од Атина.

„Ја повторив цврстата посветеност на Грција за интеграција на Западен Балкан онаму каде што припаѓа, во европското семејство, потенцирајќи ја цврстата позиција за организирање на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија“, рече Дендиас.

Говорејќи за регионот истакна дека волјата на Грција е Западен Балкан енергетски да се поврзе со гасоводот ТАП преку интерконкектори.

Додаде дека треба да се создадат услови што ќе ја зајакнат стабилноста и порача дека Грција како прва балканска земја што стана дел од европското семејство чувствува „голема морална должност да му помогне на целиот регион да се приклучи кон Европа“ и секогаш ќе ги помага напорите за „создавање мостови на соработка и мирен соживот во регионот со заедничка крајна цел подобра европска иднина за сите“.

„Нашето мислење е дека Западен Балкан мора да гледа кон иднината, а не кон минатото. Западниот Балкан, сите земји од Западен Балкан треба да имаат добри односи со сите земји од поширокиот регион, но перспективата што претставува еднонасочен пат е Европа“, истакна Дендиас, додавајќи дека европското законодавство, демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права е „политички, економски, културен компас, а не враќањето во 19 век“.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

ANIMEFLIX The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

anime to watch The Rising of the Shield Hero (Dub)

watch anime Attack on Titan Final Season (Dub)

sites to watch anime ANIMEFLIX Dragon Ball Super