September 26, 2020 06:33
Спорт

Денвер избори финале на Запад, Мајами поведе во серијата со Бостон

Наспроти сите очекувања, Денвер Нагетс ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција на НБА! Екипата од Колорадо рано утрово го совлада Лос Анџелес Клиперс со 104-89 во седмиот натпревар од полуфиналето на Западот и се пласираше во финалето на оваа конференција.

Нагетс го комплетираа второто враќање по ред откако заостанаа со 1:3 во серијата и по Јута Џез го нокаутираа фаворизираниот тим од Лос Анџелес. Тие станаа првиот тим во историјата што го сторил тоа. Џамал Мареј ги држеше Нагетси во првото полувреме постигнувајќи 25 поени во тој дел од играта, а кога се вклучија маестро Јокиќ, како и Милсап, Грант и Морис, приказната за неубедливите Клиперси заврши.

Мареј го наполни кошот на тимот на Клиперс со 40 поени, а Никола Јокиќ запиша фантастичен трипл дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции, со што стана првиот играч од 2004 година што успеал да постигне трипл дабл на 7 натпревари во плеј офот.

Клиперси на овој натпревар беа предводени од Харел со 20 поени, додека напаѓачкиот тандем на овој тим, Леонард-Џорџ, потполно пропадна. Кавај постигна 14, а Џорџ 10 поени со катастрофален процент на шутеви од играта.

Пред овој натпревар се одигра првиот натпревар од финалето на Истокот, каде Мајами Хит во одлична партија по продолженијата го совлада Бостон Селтикс со 117-114 и поведе во серијата со 1-0.

Бостон подобро го отвори натпреварот, ја контролираше играта, но до полувремето одличните Хит целосно ги израмнија силите на паркетот, па на пауза заминаа со резултат 55:55. Во третиот период, Бостон повторно доминираше, на почетокот на 4/4 имаше и 14 поени повеќе, но Мајами не се предаде и победи во продолжението во кое повторно беа во можност да пропуштат сè, но ширината и самодовербата со која игра Мајами оваа сезона тие се фасцинантни, па тимот од Флорида извлече победа и го презеде водството во серијата.

Горан Драгиќ го одигра најдобриот натпревар во овој плејоф, постигнувајќи 29 поени со 7 скока и 4 асистенции, додека Краудер додаде 22, а Џими Батлер 20 поени. Кај Бостон, повторно најдобриот Татум со 30 поени и Маркус Смарт додаде 26.