October 22, 2021 11:04
Македонија

Демократскиот Сојуз на Власите од Струга демантира дека ја напушти коалицијата со СДСМ

Демократскиот Сојуз на Власите од Струга ја демантира веста дека ја напуштил коалицијата со СДСМ која беше објавена денеска во некои медиуми.
Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија најостро ги осудува лагите и невистините искажани од самонаречени челници на Општински организации на политички партии кои единствено нудат лажни вести во нечиј интерес. Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, се зголемува интензитетот на лажни вести и конструкции и измислици од страна на поединци и опозицијата. Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејзбук и други социјални платформи и давање лажни изјави. Тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорното дејствување.
Се работи за човек кој веќе не е член на партијата и соодветно на тоа не може да носи одлуки за влегување или излегување на партијата од некоја коалиција.ДСВМ има тела кои сериозно работат и се залагаат како за членството, така и за целиот влашки народ во Република Северна Македонија.
Очигледно ова е уште еден обид на опозицијата предизборно да монтира непостоечки ситуации!
Јас како Претседател на Демократскиот Сојуз на Власите барам од медиумите да го објават овој демант, а против лицата што лажно се претставуваат следуваат соодветни пријави, велат од партијата.

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

AnimeFLV: Ace wo Nerae! anime episode 26 online free at https://animeflv.uk anime streaming

Website https://animepahe.cc: Watch Rascal Does Not Dream of a Dreaming Girl animepahe Episode Full watch animes

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE

Vpubnddonggiang gov: http://vpubnddonggiang.gov.vn/Default.aspx?tabid=65&TLID=9752

Torgi gov: https://torgi.gov.ru/forum/user/profile/1417113.page