Директори, министри и разни функционери од власта предводена од СДСМ и ДУИ со години паркирале низ Скопје без за тоа да платат ниту еден денар.
ДС молчи дали шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, Златко Марин од Аеродром со години не плаќале паркинг?
Дали за сите овие функционери на СДСМ и ДУИ не важеле закони, а паркинг за нив плаќале скопјани?
Додека возилата на граѓаните добиваат блокада или се носат во депото на Градски паркинг со пајак служба, автомобилите на функционерите на СДСМ и ДУИ можело да бидат паркирани било каде.
ДС има уште време да признаат и да кажат се што правеле. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе објави регистарски таблички и други податоци за возилата на функционерите кои можело да паркираат каде сакаат.