Американските сенатори, претставници на двете партии, во текот на вчерашниот ден го претставија нацрт законот за ограничување на пристапот до огнено оружје.
Овој текст, „поддржан од членовите на двете партии, е чекор напред и ќе спаси животи. Иако тоа не е сè што посакуваме, овој закон е итно потребен”, изјави Чак Шумер, водачот на демократите во Сенатот.
– Верувам дека неделава ќе го донесеме законот што ќе стане најзначаен дел од законодавството против насилство со оружје, што Конгресот го усвои во 30 години. Ова е напредок, смета Крис Марфи, водечки демократ во преговорите.
Републиканскиот колега на Шумер, водачот на малцинството, Мич МекКонел, го опиша законот како „пакет здрав разум”, ветувајќи ја сопствената поддршка.