February 3, 2023 14:13
Скопје

Демант од Лајка: Ветеринарните техничари имаат право и вршат хируршки зафати под надзор на доктор по ветеринарна медицина

Демант од „ЈП ЛАЈКА на текстот на 24ИНФО „ЈП ЛАЈКА се претвори во касапница: Кременадли од кучиња, полови органи и хируршки интервенции од нестручни лица„

Во однос на објавата на текстот објавен на вашиот портал 24инфо на ден 07/12/2022год објавен во 14:16минути со наслов „ЈП ЛАЈКА се претвори во касапница: Кременадли од кучиња, полови органи и хируршки интервенции од нестручни лица„ би сакале да ги демантираме сите наводи во вашата објава, сметаме дека во случај на добивање на информација од ваков карактер, пред да ја објавите неопходно е да не контактирате со цел да добиете информации и од наша страна, како институција која е директно е засегната од ваков вид на текст во јавност и со која се нарушува угледот на самото претпријатие.

Во амбулантата при ЈП Лајка во моментот работат стручни лица, доктори по ветеринарна медицина кои се регистрирани во Ветеринарната комора на РМ и истите имаат лиценца за работа за доктори по ветеринарна медицина, како и ветеринарните техничари со завршено соодветно стручно образование кои според член 36 став 5 од Законот за ветеринарно здравство имаат право да учествуваат при вршење на ветеринарни интервенции, вклучително и хируршки зафати секако под надзор и присуство на доктор по ветеринарна медицина, правило кое строго се почитува во ЈП Лајка.

Објавените фотографии пуштени од медиуми, се од зафати за кои во Амбулантата при ЈП Лајка има целосна документација за истите. Фотографии се два различни зафати, едните прикажуваат дел од хируршки зафат-стерилизација на куче и отстранување на тумори, а другиот е од аутопсија од починато куче.

Се извинуваме што фотографии со ваква содржина се испратени и објавени во јавност, овие фотографии се направени со цел да останат дел од документација за извршените зафати во амбулантата при ЈП Лајка.